Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јанушев: Николовски наместо да се бори против корупција, тој ја создава корупцијата

(Видео) Јанушев: Николовски наместо да се бори против корупција, тој ја создава корупцијата
Screenshot

Вчера на собраниската седница за пратенички прашања уште еднаш се обзнани дека човекот кој што требаше да се бори против корупција, е човекот што ја создава корупцијата, рече Игор Јанушев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Pet Utrinski

„ Значи прашањето господине вицепремиер за корупција ми е дали имате информација дека фирмата на Вашиот брат овозможува спротивно на Законот за готовински плаќања промет на услуги врши промет на услуги со плаќање на начин без да се издава фискална сметка“, запраша вчера Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на вчерашната седница за пратенички прашања.

Screenshot

Јанушев го запраша Љупчо Николовски дали е свесен за криминалот кој што го врши неговиот брат. Дали како вицепремиер за корупција ќе поведе или има поведено некоја сметка или тоа го прави во договор заедно со неговиот брат во нивната семејна фирма.

„ Фирмата се вика „Лариком импекс“ и не станува збор за 9.000 денари, почитуван Николовски, туку од 4 милиони вкупни приходи во 2018-та година фирмата рипнала на речиси 15 милиони приходи во 2019-тата. Нето добивката од пола милион денари е зголемена на над 6 милиони денари или зголемување на повеќе од 1200%“, нагласи Јанушев.

Јанушев дури вчера посочи дека за овој криминал ќе одговара Љупчо Николовски но и неговиот брат

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

В среда ќе се прегласува на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица

Арамии во Прилеп затекнати на дело нападнале полициски службеник

Одбележан Денот на Логистичка база – еден од главните столбови на Армијата