Утрински Весник
Свет

Апсење во Будва, три лица планирале убиства

Апсење во Будва, три лица планирале убиства

Данските државјани Р.Х. (36), Ф.Т.Р. (37) и Л.П. (24) и М.Р. (28) од Андријевица, со престој во Данска, биле уапсени синоќа во Будва, под сомнение дека подготвувале извршување тешки кривични дела, најверојатно убиства, информираат тамошните медиуми.

Полициската управа официјално објави дека уапсените изнајмиле четири стана на различни локации во Будва.

Уапсените изнајмиле станови на повисоки катови, со цел, како што информираат од полицикста управа, истите да имаат подобар преглед за извршување кривични дела“.

Синоќа полицијата претресе неколку станови во згради во центарот на градот, на најфреквентните улици.

Полициските служби објаснуваат дека криминалистичката полиција во Будва, преку меѓународна полициска соработка со полицијата на Кралството Данска и со посредство на Интерпол, Подгорица, по неколкудневни набљудувачки активности во областа Будва, идентификувала три лица, дански државјани и едно лице со црногорско државјанство.

„Поради сомневање дека овие лица престојуваат во градот за да планираат и извршуваат најтешки кривични дела, во соработка со Вишото државно обвинителство во Подгорица и истражниот судија од Котор, како и службениците на Специјалното одделение за полиција, добиени се наредби за претрес на станови и изнајмени возила што ги користеле овие лица“, информираат од полициските служби.

Од спроведените претреси биле пронајдени повеќе средства за комуникација, пиштол со рамка и шест парчиња муниција, рачна радио станица, одредена количина наркотици, како и дрон. Покрај тоа, во изнајменото возило е пронајдена одредена количина експлозив, како и детонирачки капачиња, соопшти полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети