Утрински Весник
Свет

Зголемен број на заразени со новиот вид коронавирус во Њујорк

Зголемен број на заразени со новиот вид коронавирус во Њујорк

Американските истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија рекоа дека новиот вид коронавирус што има некои сличност со преносливата мутација во Јужна Африка е во пораст во Њујорк, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека според извештајот на научниците, новиот вид Б.1.526 за прв пат бил идентификуван во примероците собрани во Њујорк во ноември, а до средината на февруари бил потврден во околу 12 проценти од сите случаи.

„Ројтерс“ известува дека студијата открила дека видот Б.1.526 има некои загрижувачки заеднички карактеристики со видот Б.1.351 идентификуван во Јужна Африка и П.1, кој за прв пат е потврден во Бразил и се поотпорни на некои постојни вакцини отколку претходните верзии на коронавирус.

Студиите исто така покажаа дека неодамна откриените вакцини против Ковид-19 се веројатно ефикасни против вируси и развој на сериозни болести, дури и за инфекции со нови варијанти, а производителите забрзано работат на развој на подобрени вакцини за борба против нови мутации, наведува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање работници од трети земји