Утрински Весник
Свет

Американка на шопинг потрошила државна помош oд 150.000 долари, наменета за компании

Американка на шопинг потрошила државна помош oд 150.000 долари, наменета за компании

Американка од Северна Каролина, која наводно фалсификувала документи со цел да добие државна помош од 150.000 долари, наменета за компании, е обвинета дека ги потрошила сите пари за купување на брендирани производи од компании како Нејман Маркус, Луј Витон, Нордстром, а направила обиколки и низ продавниците за дијаманти, соопшти обвинителството од оваа американска држава.

Јасмин Клифтон (24) поднела барање за економска помош поради пандемијата, наведувајќи дека нејзиниот олајн бизнис за продажба на облека е уништен поради рестриктивните мерки, иако таа всушност ја затворила продавницата една година порано, објавија американските медиуми.

Прес-службата на Западниот округ на Северна Каролина наведува дека Клифтон презентирала документи дека нејзината компанија заработува 350.000 долари годишно, иако документите покажале оти продавницата е затворена во септември 2019 година.

Освен облека, обувки и дијаманти, жената трошела пари и во Икеа, Бест бај и Румс ту го, додава обвинителството.

Таа се товари за измама и искористување на условите при голема катастрофа, а во судницата се појавила во понеделникот и била ослободена со кауција од 25.000 долари, објави АП.

Жената се соочува со казна затвор од 30 години, а би можела да плати и глоба од 1,25 милиони долари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд