Утрински Весник
Спорт

„По само два меча Гвардиола ме уби и мене и мојата самодоверба“

„По само два меча Гвардиола ме уби и мене и мојата самодоверба“

Левото крило на бундеслигашот Лајпциг, Хосе Ангел Есморис Тасенде – попознат како Ангелино денес без сомнение е еден од најдобрите играчи во Бундеслигата на својата позиција. 24-годишниот играч во интервју за „Билд“ со остра изјава го нападна менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Ангелино како младо момче од Депортиво стигна во Сити и веднаш беше испратен на „калење“. Играше во МЛС лигата, па во Шпанија и во Холандија. ПСВ Ајндховен во 2018 година го прибра во своите редови, па по само една сезона, „граѓаните“ повторно го доведоа во Манчестер. Сепак, Пеп се чини никогаш не му даде вистинска шанса на својот сонародник.

„Откако се вратив во Сити од ПСВ одиграв само два подготвителни натпревари и повеќе не ми даде шанса. Ме уби, и мене и мојата самодоверба. Ми пресуди по само два меча“ вели Ангелино.

Затоа Јулијан Нагелсман му даде можност во Лајпциг и Шпанецот ја искористи.

„Голема е разликата меѓу нив двајца, едниот ми даде самодоверба и ме пушти да играм, другиот не. Мора за такво нешто да бидете храбар, а Јулијан тоа е“ смета Шпанецот.

> „По само два меча Гвардиола ме уби и мене и мојата самодоверба“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига