Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нуредини: Со паметни инвестиции до заштита на животната средина

Нуредини: Со паметни инвестиции до заштита на животната средина
Img 7972

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ја посети компанијата Макстил како еден од најголемите индустриски капацитети во државата, при што се запозна со инвестициите во напредните технологии со кои се намалуваат емисиите на прашина во воздухот, односно се врши максимално намалување на влијанието на производниот процес врз амбиенталниот воздух.

„По исполнувањето на обврските согласно оперативниот план, Макстил ја доби својата А-интегрирана дозвола во август минатата година, и ние сме денеска тука за да ги видиме дополнителните инвестиции остварени од страна на компанијата по добивањето на дозволата“, изјави Нуредини, додавајќи дека ова е пример како компаниите преку модернизирање на комплетниот производен процес, можат да го подобрат работењето, а истовремено и да ги постигнат стандардите за заштита на животната средина.

Од страна на менаџерскиот тим на компанијата, Нуредини беше запознаен со можностите за подобро функционирање на праксата за јавно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци, со нивна презентација во живо, на часовно или дневно ниво.

Министерот Нуредини укажа дека тоа е нешто што дополнително ќе биде регулирано и со транспонирањето на директивите за квалитет на воздухот и индустриски емисии, на кои веќе се работи во Министерството, а размената на податоци и мониторингот е дел и од Законот за индустриски емисии кој треба да биде завршен во јуни годинава.

Тој потврди дека Макстил е добар пример како компаниите самоиницијативно се подготвуваат и се прилагодуваат кон построгите еколошки стандарди и ги охрабри и другите индустриски капацитети, со време да вложуваат во подобрување и општествена одговорност, бидејќи така ќе се создадат можности за заштита на животната средина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја