Утрински Весник
Македонија

„Родова еднаквост“: Јавното обвинителство итно да го расчисти случајот „Јавна соба“

„Родова еднаквост“: Јавното обвинителство итно да го расчисти случајот „Јавна соба“

Платформата за родова еднаквост упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители за конечно разрешување на случајот „Јавна соба“ и доследно пружање на заштита на жените жртви на насилство.

Бараат, обвинителството и Советот итно да испорачаат конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 Март, кои ќе покажат дека конечно овие институции преземаат мерки.

Според нив, ниту една мерка за спречување и заштита од насилство нема да го има посакуваниот ефект, доколку сторителите избегнуваат кривична одговорност за делото.

„На ваков начин, се праќа порака дека насилството врз жените не е казниво, насилниците се охрабруваат да продолжат со своето однесување, а жртвите остануваат заплашени, засрамени и неми“, изјави Јана Коцевска.

„Иако „Јавна соба“ е случај кој го привлече вниманието на целата јавност, сепак, после една година случајот сѐ уште нема завршница, а сторителите се гонат само за кривичното дело“, додаде таа.

За овие состојби здруженијата побараа одговорност и од Советот на јавни обвинители кој според нив недоволно ги користи своите надлежности за контрола над работата на јавните обвинители кои непрофесионално и ненавремено ја извршуваат својата функција во однос на кривичните постапки за насилство.

Здруженијата побараа и поголема ефикасност и посветеност и од страна на специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања бидејќи низ годините, се сретнале и со полициски службеници кои самите се сторители на насилство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini

Демаскирање на митот за „низок IQ“

Комеморација во Собранието за жртвите од пожарот во „Пулс“ – една година од трагедијата во Кочани