Утрински Весник
Економија

Вкупен фонд од 2,5 милиони евра за македонски проекти за учење преку работа и дуален модел на образование

Вкупен фонд од 2,5 милиони евра за македонски проекти за учење преку работа и дуален модел на образование

На денешната национална конференција во Македонија, Фондот за регионални предизвици го претстави првиот повик за поддршка на инвестиции воучење преку работа и дуален модел на образование, во износи од 150.000 до 600.000 евра. Фондот има за цел зајакнување на квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образованишто се спроведуваат преку партнерства помеѓу центри за стручна обука и компании.

Регионалниот фонд за предизвици (РФП) е овластен од страна на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и делегиран на Развојната банка KfW, а се извршува преку Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, (ЗБ6-КИФ). Поддршката што Фондот ја дава на Западен Балкан е начин да се помогне во закрепнувањето, растот и подобрување на конкурентноста на економиите од Западен Балкан 6.

„Целта на РФП е преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за учење преку работа и дуален модел на образование да го зајакнеме квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку промовирање на партнерства помеѓу институтите за стручна обука и компаниите. Првиот повик за аплицирање е веќе активен и ги поканувам сите заинтересирани да се пријават. Информациите за процесот за аплицирање и критериумите за селекција се достапни на веб страната на Фондот но дополнително ќе организираме и инфосесии со заинтересираните училишта и компании со цел да ги водиме низ процесот на апликација.“ – рече Фридер Верман раководител на тимот на Единицата за управување со фондови во Регионален фонд за предизвици.

На настанот свое обраќање имаа и министерката за образование и наука, Мила Царовска, амбасадорот на Германија во Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн, Рене Ешеман, директор на канцеларија на KfW за Косово и Северна Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршен директор на Стопанска комора на Македонија, Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германската индустрија во Северна Македонија, Албанија и Косово и Курт Витрих, раководител на тим во Образование за вработување, Хелветас, Северна Македонија, а присуствуваа претставници на јавните институции надлежни за стручно образование и обука, меѓународни организации и иницијативи, стопански комори, даватели на стручна обука, компании и здруженија.

„Истражувањата на МОН и Стопанската комора на Македонија покажуваат дека дури 85% од компаниите се заинтересирани да ги отворат вратите за пракса на учениците од стручните училишта. Фондот за регионални предизвици преку финансиската поддршка ќе воспостави нова динамика и нов поинтензивен начин на соработка меѓу компаниите и стручните училишта. Самото опремување на училиштата ќе значи продлабочување на можностите за создавање квалитетен и вработлив стручен кадар, затоа сметам дека е многу значајно училиштата и компаниите да аплицираат за финансиска поддршка од Фондот. “ – истакна Мила Царовска, Министерка за образование и наука.

Регионалниот фонд за предизвици е уникатен инструмент за финансирање, дизајниран да ја зголеми вработливоста на завршените ученици со СОО, а вооедно да ја засили продуктивноста и конкурентноста на компаниите. РФП има цел да го зајакне квалитетот и релевантноста на стручното образование и обука за пазарот на трудот преку финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за одбрани проекти за учење преку работа или дуален модел на образование што се спроведуваат преку блиски партнерства меѓу установите за стручно образование и обука икомпаниите.

„Многу ја цениме тековната иницијатива на министерката Царовска за унапредување на дијалогот помеѓу институциите за СОО и компаниите, со неколку настани поддржани од швајцарската амбасада. Како придонес кон овие напори, Германија ја воспоставува оваа нова иницијатива, Регионален фонд за предизвици, која има за цел да ги поддржи училиштата и компаните во областа на стручното образование и обука за да го подобрат стручното образование и да ја подобрат практичната обука со цел да се прилагодат на бараните вештини на трудот пазар и да им се даде на младите ветувачка шанса за подобра иднина“ – рече Н.Е. Анке Холштајн, амбасадорка на Германија во Северна Македонија.

Стопанските комори ќе имаат значајна улога во поттикнувањето на компаниите да формираат конзорциуми со средни училишта, високи стручни училишта и факултети за да аплицираат за средствата на Фондот и заеднички да формираат центри за обука, да опремат лаборатории и работилници, што ќе им овозможи на учениците да се запознаат за време на обуката со машини, опрема, алатки и технологии со кои се работи во реална работна средина и со кои ќе работат подоцна кога ќе се вработат.

„Стопанската комора на Македонија веќе го има нотирано недостатокот на кадар со практично искуство и знаење, поради што сметаме дека РФП со предвидените 2,5 милиони евра финансиска поддршка за проекти за учење преку работа и дуален модел на образование во нашата земја, ќе биде значаен инструмент кој ќе придонесе за обезбедување на стручен кадровски потенцијал со релевантни вештини и спремни за работа во напредни технолошки процеси. Фокусот на практичната обука ќе придонесе за зголемување на можностите за вработување и намалување на стапката на невработеност.“ – рече на конференцијата Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршна директорка на Стопанска комора на Македонија.

Фондот претставува можност за финансирање на проекти со кои ќе се подигне квалитетот на стручното образование и да го усогласи со потребите на пазарите на труд во регионот, а компаниите и давателите на стручна едукација и обука соодветно ќе се подготват за времето што следува по пандемијата.

Повикот за изразување интерес е објавен на https://rcf-wb6.org/и ќе биде отворен до 30 април 2021 година. Апликациите се отворени за конзорциуми од шесте економии од Западен Балкан, составени од еден институт за стручна обука и најмалку две компании

Фондот за регионални предизвици е нова програма која се стреми да ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан 6. РЦФ е поддржан од германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку КФВ Германската банка за развој и е спроведен од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот.

(ПР текст)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија