Утрински Весник
Свет

Логар: Словенија сака да организира самит ЕУ-Западен Балкан за време на нејзиното претседателствување со Унијата

Од денес карантин во седум региони во Словенија

Министерот за надворешни работи на Словенија Анже Логар изјави дека за време на претседателството со ЕУ во втората половина од годинава, неговата земја сака да организира самит на ЕУ и Западен Балкан.

„Од наш интерес е да организираме самит ЕУ-Западен Балкан, како и неформален самит на кој ќе разговараме за силна ЕУ што ќе може да реши различни кризи, од здравство до сајбер“, рече Логар по седницата на Советот за надворешна политика во Брисел.

Тој рече дека суштинските подготовки за двата самита се веќе во тек и дека сепак треба да се разговара за конкретна агенда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија