Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поднесено обвинение против инвеститор за предметот „Лидери“

Јавното обвинителство ќе поднесе жалба по пресудата за сообраќајката кај „Млечен“
Img 7972

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“.

Овој предмет го отвори поранешното СЈО, а осомничен е инвеститор на објект изграден во близина на една странска амбасада во Скопје без одобрение за градба, со површина од 1.000 метри квадратни.

„Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот 50-годишник градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана“, соопшти скопското обвинителство.

Обвинетиот се товари за кривично дело – Бесправно градење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОГРОМНА НЕГАТИВНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМАЛИЈА: Доаѓаат голем студ, многу дожд и снег!

Фазлиу: ДУИ претворена во приватна компанија во служба на српските интереси

Оставија полна торба со пари и телевизор: Левица ја стартуваше кампањата пред АВМУ!