Утрински Весник
Свет

Валeнс: Можеби ќе треба да носиме маски и следната зима

Валeнс: Можеби ќе треба да носиме маски и следната зима

Постои можност носењето заштитни маски следната зима да биде потребно под одредени услови, со цел да се продолжи со одбраната од зараза со коронавирус, изјави главниот научен советник на Владата на Велика Британија, Патрик Валенс.

„Можеби ќе биде потребно следната зима да има мерки како што е носење маска во одредени ситуации“, изјави Валeнс пред новинарите во Лондон.

Водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, изјави дека постои можност Американците да мора да носат маски и во 2022 година, но дека мерките воведени поради Ковид-19 ќе бидат сè поблаги заради напредокот во кампањата за вакцинација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати