Утрински Весник
Свет
Img 7972

Британски студии: Вакцините драстично го намалуваат бројот на хоспитализирани лица

Главен медицински советник на британската влада: Ни претстојат најлошите недели од епидемијата
300x250 opst2

Две одделни британски студии покажаа дека вакцинацијата придонесува за драстично намалување на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, објави денес АП.

Прелиминарните резултати од студијата во Шкотска покажуваат дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ ја намалува хоспитализацијата за 85 проценти четири недели по првата доза, додека вакцината на „Астразенека“ го намалува приемот во болница поради ковид за 94 проценти.

Во Англија, прелиминарните податоци од студија направена врз здравствени работници покажаа дека една доза на „Фајзер“ ја намалува можноста за добивање коронавирус за 70 проценти, а другата за 85 проценти.

„Овој нов доказ покажува дека вакцината ве штити вас и луѓето околу вас. Важно е да се види колкава заштита обезбедува вакцината за пренесување и ние ќе продолжиме да објавуваме студии на оваа тема“, рече министерот за здравство Мет Хенкок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација