Утрински Весник
Свет

„Организацијата е нула“ – огромни редици за вакцинирање во Загреб

„Организацијата е нула“ – огромни редици за вакцинирање во Загреб
300x250 (7)

Утрово голем број луѓе се собраа во Загреб, каде вакцинацијата почнува денеска, како дел од втората фаза.

Иако вакцинирањето започна во 9 часот наутро, граѓаните почнаа да се појавуваат на местото часови порано за да ја добијат својата доза на вакцината што е можно побрзо. До 9 часот, се формираше колона од луѓе долга неколку стотици метри, јавува Индекс од местото на настанот.

Луѓето стојат чекајќи во ред за вакцинирање, а најголемиот проблем е тоа што голем број луѓе пристинале многу пред времето во кое се закажани.

„Настана хаос. Целосно е неорганизирано. Очигледно е дека ќе чекам со часови. Луѓето кои дојдоа рано создадоа хаос. Дојдов пред 9 и веќе ми беше редот. Мислам дека ќе биде и проблем со паркирање. Има многу постари луѓе кои дојдоа со автомобил. Се плашам дека сите ќе завршат со Астра Зенека. Имам двајца постари родители над 90 години дома. Избегнувам нормален живот една година за да не ги заразам. Затоа, решив да се вакцинирам “, рече еден жител на Загреб за „Индекс“.

„Дојдоа некои што беа закажани за 14 часот, сега ги враќаат“

„Дојдоа некои на кои им беше закажано во 14 часот, а сега ги враќаат назад. Сега прашав“, рече друг жител на Загреб, кого исто така му била закажана вакцинација во 9 часот наутро.

„Организацијата е нула“

„Организацијата е нула. Ќе беше подобро да одеше преку домовите за јавно здравје, тогаш немаше да има ваков хаос. Наместо да се вакцинираме според терминот, се прифаќаат луѓе кои застанале во редот. организација нема“, раскажува друг загребчанец.

На граѓаните им се мери температурата на влезот и секој е должен да ги дезинфицира рацете.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Портпаролката на Стејт департментот на арапски јазик поднесе оставка заради несогласување со војната во Газа

„Глаксо Смит Клајн“ поднесе тужба против Фајзер и БиоНТек