Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Поддршката за лицата со попреченост продолжува

Шахпаска: Поддршката за лицата со попреченост продолжува

Претставници на националниот сојуз на слепи лица на средбата со министерката за труд и социјална политика истакнаа дека помошта и поддршката кон слепите лица треба да продолжи и да се унапреди.

Министерката Шахпаска информираше дека се разговарало за моменталната состојба во смисла на правата кои лицата со попреченост ги користат, како и можностите за нивно унапредување.

„Како ресорно министерство на кое на врвот на агендата е грижата за најранливите категории на лица, со посебен акцент на лицата со попреченост продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите и обезбедување на подобри услови за живот на оние на кои тоа им е неопходно. Оттука и нашите заложби за измените во Законот за социјалната заштита во делот на личната асистенција, односно спуштање на возрасната граница од 18 на 6 годишна возраст, за деца со потешка или најтешка телесна попреченост како и потполно слепи лица. Ова законско решение е во собраниска процедура и очекуваме наскоро да го види светлото на денот“, истакна министерката Шахпаска.

Од страна на претставниците на националниот сојуз на слепи лица беше поздравено ова законско решение кое што е мошне значајно и за нив како поединци и за нивните семејства.

Со цел поттикнување, социјално вклучување и еднакви можности , лицата со попреченост односно лицата со тешка или длабока попреченост, лицата со најтешка попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, се корисници на надоместокот заради попреченост. Исто така, слепите лица користат и права за помош и нега од друго лице, информираат од министерството за труд и социјала.

Министерката Шахпасака, изрази уверување дека помошта и поддршката на лицата со попреченост ќе продолжи и понатаму, во насока на обезбедување на подобри услови за живот и нивна вклученост во општествениот живот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка од Скопје бесна на институциите: „Ако дојде пак, сама ќе му пресудам“

Јапонскиот славист Мотоки Номачи доби медал „Блаже Конески“ од МАНУ

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“