Утрински Весник
Свет

Уапсена сопругата на Ел Чапо

Уапсена сопругата на Ел Чапо

Сопругата на мексиканскиот нарко бос, Хоакин Гузман познат како Ел Чапо е уапсена на меѓународниот аеродром во Вашингтон под сомнение дека е вклучена во мрежа за дистрибуција на дрога.

Ема Коронел Аиспуро (31), која има американско и мексиканско државјанство, денес треба да се појави пред федералниот судија.

Таа е обвинета за учество во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Швајцарија денес референдум за предлогот за законско ограничување на населението на 10 милиони

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан