Утрински Весник
Спорт

Севилја со шест победи во низа, ја прескокна Барса

Севилја со шест победи во низа, ја прескокна Барса

Севилја се искачи на третото место во шпанската Ла лига, откако во последниот меч од 24. коло стигна до гостинска 0:2 победа над Осасуна, нивни шести последователен лигашки триумф во фантастична серија за тимот на Хулен Лопетеги.

Диего Карлос им донесе водство на гостувањето во Баскија во 17. минута, пред победата да ја потврди Лук де Јонг во 49. минута од мечот.

Севилја сега има 48 поени на третото место, четири зад второпласираниот Реал Мадрид и осум зад лидерот Атлетико Мадрид, но и поен пред четвртопласираната Барселона. Осасуна е на 13. место со 25 поени, само четири над зоната за испаѓање.

> Севилја со шест победи во низа, ја прескокна Барса <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам