Утрински Весник
Македонија

Стејт департментот: Ја следиме ситуацијта со Мијалков

Стејт департментот: Ја следиме ситуацијта со Мијалков

Одблизу ја следиме ситуацијата со Сашо Мијалков, изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

Оттука велат дека се свесни за извештаите поврзани со бегството.

Полициски екипи трагаат по Мијалков од вчера, откако не успеаа да му го врачат решението за куќен притвор, а Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница.

Пресудата за Мијалков, кој е обвинет во предметот за масовно прислушување „Тврдина-Таргет“ треба да биде соопштена в петок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девојка голтнала хероин кога забележале полициска патрола, завршила на Токсикологија

Двајца уапсени во Скопје: Фрлил кеса со марихуана, нападнал полицаец и се обидел да побегне

По одлетаниот кров следува маратонска реконструкција на базенот „Борис Трајковски“, ќе биде под клуч две години!