Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Распишана меѓународна потерница за Мијалков

Распишана меѓународна потерница за Мијалков
Img 7972

Распишана меѓународна потерница за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалкоив.

МВР до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за согласност за распишување меѓународната потерница за Мијалков, а Кривичниот совет донесе решение за согласност.

„ Од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, претпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот, на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода. Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решение за согласност за распишување меѓународан потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот“ се наведува во соопштението од судот.

Кривичниот суд вчера на Мијалков му определи куќен притвор со 24-часовен надзор, поради опасност од бегство.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера, 21 февруари, во 15 часот до Основниот кривичен суд Скопје доставило предлог за определување мерка притвор против Мијалков обвинет во предметот „Таргет-тврдина“, поради постоење на сомнение за евентуално бегство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведени пет возачи во Штип, Тетово, Гостивар и кривопаланечко, управувале возила со многу поголема брзина од дозволената

До вторник (14 октомври) повеќе сонце и потопло време во Македонија

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица, партиите со своите активности на терен