Утрински Весник
Македонија
Img 7972

На Инфективните одделенија во земјава се лекуваат 625 пациенти

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35
Img 7972

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 625 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. На скопските клиники се лекуваат 377 пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 54, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 31, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

На клиниките во земјата има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Двајца уапсени по синоќешната тепачка пред познат скопски ресторан

Адвокатка Маја Ристова со остра реакција по смртта на кинески работник во Кавадарци: „Овојпат нема да може да се заташка, верувај ми“

Судот го спаси газда Марковски од притвор – обвинителството се плаши дека ќе бега, имал многу имот во странство