Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа примени нови 10 пациенти

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа примени нови 10 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти и 4 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 12 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти и на ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Д-р Даниловски за Западнонилската треска: Осум тешки случаи се откриени, но не знаеме колку луѓе се заразиле 

Пациент со западно-нилска треска во критична состојба – заразен од комарец во Скопје

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот