Утрински Весник
Свет
Img 7972

Данска и Шведска воведуваат корона-пасоши

Данска и Шведска воведуваат корона-пасоши
Dik 300x250 mk

Шведска, заедно со соседна Данска, планира да воведе дигитален корона-пасош до летото.

Таа дигитална потврда треба првенствено да послужи како доказ за вакцинација против коронавирусот, објасни шведскиот министер за дигтализација Андерс Игеман. Во исто време тоа треба да овозможи посета на културни или спортски настани, како и да овозможи слободни патувања. Инфраструктурата за контрола на тој документ треба да биде готова до 1 јуни.

Дури и пред Шведска, Данска го презентираше овој вид документ, кој, пред сè, треба да им го олесни патувањето на деловните луѓе. Корона-пропусницата во Данска треба да биде или во форма на запис на веб-страницата на данското Министерство за здравство или во паметниот телефон на нејзиниот сопственик.

Некои други земји, како што се Грција, Кипар или Шпанија, исто така, бараат воведување на еден вид корона-пасош што ќе им овозможи на вакцинираните лица слободно да патуваат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот