Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 872 возачи за брзо возење

За еден ден казнети 872 возачи за брзо возење

Полицијата вчера казнила 872 возачи за брзо возење на територијата за цела држава, соопшти МВР.

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, при што казнети се 872 возачи.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија