Утрински Весник
Свет
Img 7972

Еколошка катастрофа во Израел, властите наредија затворање на плажите

Еколошка катастрофа во Израел, властите наредија затворање на плажите
Dik 300x250 mk

Израелските власти наредија затворање на плажите на израелскиот медитерански брег поради излевање на нафта од една платформа.

Официјални лица го нарекоа инцидентот најголема еколошка катастрофа во која стотици тони нафта се излеале долж израелскиот брег, во должина од над 170 километри.

„Ројтерс“ пренесува дека активисти од еколошки организации објавиле дека е пронајден труп на кит кој водата го исфрлила на брегот во јужен Израел, наведувајќи дека е утврдено оти животното умрело од труење со нафта.

Волонтери денеска се пријавиле за да помогнат во расчистување на загаденото крајбрежје, а локалните медиуми објавија дека неколкумина од нив побарале медицинска помош поради интоксикација со отровни гасови.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посети една од загадените плажи и ја пофали работата на Министерството за заштита на животната средина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк