Утрински Весник
Македонија

Тепачка во уште еден скопски локал, групите извадиле и оружје

Пукање на „Пластичарска“, повреден сопственик на дуќан

Полицијата соопшти за уште еден инцидент што се случил вчера во кафуле, овојпат, во населбата Скопје Север, на улицата Босна и Херцеговина, каде дошло до физичка пресметка помеѓу две групи на гости.

По тепачката од огнено оружје биле испукани неколку куршуми, соопшти МВР.

Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две чаури и еден фрагмет од проектил.

Од МВР засега нема повеќе детали, освен дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера дојде до тепачка во скопското кафуле „Трибека“, по што беа приведени 5 лица, а локалот беше демолиран.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин