Утрински Весник
Македонија

Скопје се збогува со Балашевиќ: се палат свеќи, се пејат неговите песни

Скопје се збогува со Балашевиќ: се палат свеќи, се пејат неговите песни

Илјадници граѓани на Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево се збогуваат со балканската легенда Ѓорѓе Балашевиќ, кој замина прерано како последица на Ковид-19. Плоштадите се преполни со граѓани кои палат свеќи и ги пејат песните на Балашевиќ.

Вечерва последно збогум му испратија и стотици македонски граѓани од пред платото на Универзалната сала во Скопје, каде запалија свеќа во спомен на српскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ кој почина вчера на 67-годишна возраст.

Се пејат хитовите со растеа многу генерации, се споделуваат спомени за концертите кои Балашевиќ ги одржа во Скопје.

Настанот пред Универзалната сала е организиран од Град Скопје. Вчера, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека со Балашевиќ се договарале да ја отвори Универзалната сала, која во моментов се реновира.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini

Демаскирање на митот за „низок IQ“

Комеморација во Собранието за жртвите од пожарот во „Пулс“ – една година од трагедијата во Кочани