Ѓорѓе Балашевиќ си замина засекогаш, а колку тој беше важен сведочат илјадниците кои се збогуваат од него на плоштадите во Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево. Вечерва ќе се одржи и собир во Скопје.
Оние кои ги сакаа неговите песни се собраа на плоштадот пред Комбанк салата каде тој го одржа неговиот последен концерт во Белград. Плоштадот е претесен за сите кои дојдоа да се простат од него и да запалат свеќа.
Dragi moji sutra u 18h na trgu Nikole Pašića, da zapalimo svecu i poželimo mirno more našem panonskom mornaru. Tu je imao i poslednji koncert u Beogradu, red je da mu zahvalimo za sve stihove.
Pošto je ovo spontano okupljanje, neka se javi neko sa zvukom, molba. Vidimo se sutra. pic.twitter.com/9rIFuusCiy— Bane Radosavljević (@ekonomskitajgr) February 19, 2021
На социјалните мрежи веднаш по објавувањето за неговата смрт, беа организирани собири во негова чест.
Најавен е собир во 19 часот пред Универзалната сала во Скопје.
„Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно. Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда“, пишува во најавата за настанот во Скопје на Фејсбук.