Утрински Весник
Македонија

И последната количина на опасен хемиски отпад дислоцирана од кругот на ОХИС

И последната количина на опасен хемиски отпад дислоцирана од кругот на ОХИС

Со вчерашното заминување на последната пратка од околу 4,6 тона иницијатори и 5,2 тони хемикалии со непознат состав кон постројката за уништување во Франција, комплетно е завршен проектот „Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје“.

Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија, нема инсталација за третман и уништување на отпадните хемикалии складирани во АД ОХИС Скопје, во текот на реализација на проектот од државата се извезени следните отпадни хемикалии од АД ОХИС Скопје:25 тони акрилонитрил мономер (крајна дестинација за отсранување ВАЛОРЕЦ Сервисес АГ од Базел „SUEZ“ Германија), 15 тони отпадна хемикалија со непознат состав, отпаден терет-бутил хидропероксид, иницијатор перкабокс амин, иницијатоер преоксан БЦЦ и иницијатор бутилхидропероксид 70%. (крајна дестинација за отсранување TREDI SA, Франција), 84 буриња (15.120 кг) отпаден метанол (крајна дестинација за отсранување во Бугарија).

Исто така и 13,5 тони винилхлорид мономер (крајна дестинација за уништување ВАЛОРЕЦ Сервисес АГ од Базел „SUEZ“ Германија), 4,6 тона иницијатори и 5,2 тони хемикалии со непознат состав ( Франција).

„Чистењето на историскиот отпад од АД ОХИС Скопје продолжува со проектот за ремедијација на малата депонија со линдан: „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС“, кој е одобрен од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку UNIDO, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

УНИДО склучи Договор со избраниот најдобриот понудувач – грчката фирма Полиеко, за чистење на линданот од малата депонија во Охис и третман надвор од државата. Во процес е постапка за одобрување на Планот за ремедијација кој веќе помина трикратна ревизија и се очекува во најскоро време да се одобри конечната верзија на Планот, по што компанијата Полиеко ќе може да започне со подготвителните активности на терен потребни за безбедното чистење на линданот“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија