Искуството од вонредната состојба предизвикана минатата година од пандемијата со коронавирусот е причина за денешната широка стручна и јавна дебата што претседателот Стево Пендаровски, ја иницираше се со цел донесување посебен закон што ќе ги регулира ингеренциите во некоја идна вонредна состојба.
Претседателот Пендаровски, во своето обраќање пред присутните на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“, меѓу кои учествува и актуелниот и поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и Рената Дескоска, пратеници и судии од Врховен суд на РСМ, рече дека денес кога имаме многу поголемо искуство во соочување со здравствената криза, но и кога институциите се во редовен мандат со целосен политичи легитимитет време е да се рефлектираме на искуството од минатата година, да донесеме соодветни заклучоци и навреме да го подговтиме поредокот и општеството за можната идна криза.
„Јасно е дека ние е потребен посебен закон во кој ќе бидат правно уредени сите празнини со кои се соочивме кога требаше да го организираме системот во нестандарни околности само врз основа на неколку генерални одреби од уставот. Идниот закон треба да биде продукт од диалогот меѓу експертите, но и во генералната јавност и да биде донесен врз основа на најширок можен политички консензус“, посочи Пендаровски.
Тој исто така нагласи дека пандемијата нè научила дека постојат опасности кој ги надминуват политичките, идеолошките, етничикте, верските и социјалните лини на поделба.
„Тие опасности носат несреќа за сите независно од нашиот статус или потекло. Личната и колективната траума поради изгубените животи, десетиците илјади заболени, долгите ограничувања на движењето, изгубените работни места, пропаднатите бизниси, треба да бидат аларм дека е време да создаваме општествено единство барам за егзитенцијалните прашања“, истакна претседалот.
Меѓудругото тсе осврна и на донесувањето на одлуката за прогласување на вонредна состојба која мината година траше полни 67 дена.
„Вонредната состојба е единствениот логичен одговор на една организирана политичка заедица, која се обидува за да се заштити под налетот на општата опасност и како таква не е случајно што постои како опција и некој пат може да биде употребена во споменатите екстремни околности. Нашата ситуација изминатата пролет не се разликуваше од ситуација која се најдоа многу други држави. Сепак како што често се случува, еден проблем никогаш не доаѓа сам туку најчесто тој проблем се мултиплицира во предизвици од системски карактер“, рече Пендаровски, додавајќи дека следната криза треба да ја очекуваме поподготвени.
Конференцијата претставува почеток на поширока дебата на стручната и општата јавност, во однос на потребата на изготвување на закон за вонредна состојба. Во вториот дел е предвидена панел дискусија на која ќе говорат Трајан Гоцевски, Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи, Марјан Ѓуровски, Васко Наумовски, Александар Спасеновски, Беса Арифи, Јeлена Трајковска-Христовска, Јелена Ристиќ, Денис Прешова, Марко Трошановски, Зоран Дранговски, Гоце Коцевски, Лидија Стојкова-Зафировска и Зоран Јовановски.