Утрински Весник
Македонија

Стамов: На вонредниот конгрес ќе има повеќе присутни од оној кога беше избран Мицкоски

Стамов: На вонредниот конгрес ќе има повеќе присутни од оној кога беше избран Мицкоски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Борче Стамов од Иницијативниот одбор за одржување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ вели дека нивната поддршка се зголемува од ден во ден.

Тој истакна дека на претстојниот вонреден конгрес на 28 март во Скопје очекуваат поголема посетеност од конгресот во Валандово, кога за лидер беше избран Христијан Мицкоски.

„367 делегати во Валандово го дадоа својот глас за Мицкоски и заслужуваат да слушнат од него дали е задоволен од тоа каде партијата се движи. 17 вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток“, рече Стамов.

Тој порача дека заинтересираните за лидерското место треба да подготват програма со која ќе настапат пред делегатите.

Мотото под кое ќе се одржи вонредниот конгрес е „Сплотени кон победа“.

„Без силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се надеваме на силна и обединета Македонија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не е на висина на името што го носи, тоа се одразува на државата. На ВМРО-ДПМНЕ му треба будење и соочување со реалноста, нова енергија која ќе го одведе во нови победи. Нема искрен член на ВМРО-ДПМНЕ кој не е загрижен за правецот во кој се движи партијата“, вели Стамов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово

Железницата повторно во нормала – 24info.mk