Фенербахче ја продолжи неверојатната победничка серија во вториот дел од регуларната сезона во Евролигата, откако во тесен меч со 89:84 ја победија Алба Берлин, за нивна десетта победа едноподруго.
Алба пружаше отпор во фантастичниот меч, а имаше и предност во третата четвртина, пред Нандо де Коло и Дешон Пјер да го обезбедат последниот пресврт и да донесат +7 пред последната четвртина. Таму имаа и +13 предност, но Алба имаше 10:0 серија за да дојде на поен, пред Пјер со четири поени да го реши мечот.
Де Коло блесна со 26 поени, Пјер додаде 17, додека кај Алба, Ериксон беше најефикасен со 19 поени.
ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО
Фенербахче – Алба Берлин 89:84 (24:22, 21:20, 22:18, 22:24)
Црвена звезда – Зенит Санкт Петерсбург 75:76 (16:22, 20:26, 20:13, 19:15)
Асвел Лион – Баерн Минхен 87:79 (21:18, 23:17, 22:17, 21:27)
Валенсија – Реал Мадрид 89:78 (29:21, 26:14, 16:17, 18:26)
> Фенер ја нанижа и 10-тата победа во низа во Евролигата <