Утрински Весник
Македонија

Bелешанец почина откако бил приведен – бегал од полицајците оти не носел маска

Bелешанец почина откако бил приведен – бегал од полицајците оти не носел маска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

60-годишен жител на Велес починал вчера откако му се слошило во полициската станица во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Велешанецот бил запрен од полицајци кои го легитимирале со намера да му издадат глоба за неносење заштитна маска, но тој ги оттурнал еден од нив и почнал да бега.

Човекот по кратко време бил фатен и полицајците го спровеле во станицата, каде му се слошило, а починал нешто подоцна во велешката болница, се додава во соопштението.

„Вчера во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), тој го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица,“ велат од МВР.

„Кога З.П. бил донесен во полициската станица, му се слошило и била повикана екипа на итна медицинска помош, која откако му пружила помош, го пренела во Медицински центар во Велес, каде по кратко време починал,“ додаваат од полицијата.

Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата