Утрински Весник
Спорт

Мерсисајд дербито се оддржува на два стадиони оддалечени 983 метри

Мерсисајд дербито се оддржува на два стадиони оддалечени 983 метри
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во сабота на „Енфилд“ ќе гостува тимот на Евертон, во славното историско Мерсисајд дерби на двата клуба од градот на Битлси, Ливерпул, откако првиот меч се одиграл на 13 октомври 1894 година.

Именувано по областа Мерсисајд, каде што се наоѓа Ливерпул, се работи за најдолговечното првологашко дерби во Англија, кое се игра без престан од сезоната 1962/1963. Ливерпул ја има предноста откако во 235 меча имаат остварено 93 победи, Евертон победил 66 пати, а 76 пати мечот завршил без победник.

Дел од убавината на дербито, покрај лутото ривалство кое го дели градот (инаку „Битлси“ се најпознатите навивачи на Евертон), е тоа што двата стадиони, „Енфилд“ и „Гудисон парк“ се разделени со само 983 метри, односно ги двои само паркот Стенли.

> Мерсисајд дербито се оддржува на два стадиони оддалечени 983 метри <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини