Владата на Чешка се откажа од плановите за отворање продавници кои не продаваат основни потреби од следната недела затоа што болниците сè уште се под притисок поради зголемувањето на бројот на новозаболени со Ковид-19
Министерот за индустрија Карел Хавличек го објави тоа на „Твитер“.
Pandemická situace není dobrá, dál se šíří britská mutace viru. Na vládě jsme proto rozhodli, že zbytek uzavřených maloobchodů zatím pouštět nebudeme. V příštím týdnu téma ale opět otevřu a podle stavu šíření epidemie navrhnu další kroky. https://t.co/z2j4FgnlKa
— Karel Havlíček (@KarelHavlicek_) February 19, 2021
„Ситуацијата со пандемијата не е добра, британскиот вид сè уште се шири. Тоа е причината што решивме засега да не ги отвораме затворените продавници”, рече Хавличек, додавајќи дека владата повторно ќе разговара за отворање продавници следната недела.
Земјата со 10,7 милиони жители, во моментов има највисока стапка на зараза и пријави 968 нови случаи на 100.000 луѓе за две недели, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).