Утрински Весник
Свет

Претседателот на Киргистан против промена на статусот на рускиот јазик

Претседателот на Киргистан против промена на статусот на рускиот јазик

Претседателот на Киргистан, Садир Јапаров, се противи на идејата за промена на статусот на рускиот јазик, рече тој во својот напис „Сојузничките односи“ објавен во владиниот весник „Слово Киргистана“.

„Рускиот јазик не е само официјален туку е и јазик на меѓуетничката комуникација во земјата. Тој е добро заштитен на законодавно ниво и неговиот статус е потврден во нашиот Устав. Како претседател и гарант за човековите и граѓанските права, јас сум против какви било обиди за политички манипулации со ова прашање “, рече Јапаров.

Во Киргистан, рускиот јазик има официјален статус, а киргистанскиот е државен јазик.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот