Утрински Весник
Македонија
Img 7972

За два дена вакцинирани 453 здравствени работници во Македонија

За два дена вакцинирани 453 здравствени работници во Македонија
Img 7972

Министерството за здравство информира дека 453 здравствени работници кои работат во ковид – центрите се вакцинирале со вакцината од производителот „Фајзер“ во изминатите два дена.

Од МЗ потсетуваат дека кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител „Синофарм“, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против Ковид 19.

Министерството за здравство информира дека Македонија преку Ковакс механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини, а правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината „АстраЗенека“, од која првата количина е планирано да стиген во март.

„Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс механизмот за вакцини ‘Фајзер’ вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против Ковид 19“, велат од МЗ.

Министерството за здравство апелира дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните.

Во меѓувреме тече пријавувањето на веб – страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб – страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70 годишна возраст.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ