Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Санација на депонијата Русино од март

Санација на депонијата Русино од март
Dik 300x250 mk

Депонијата Русино ќе се санира од март, а надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина. На координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, општината и Јавното комунално претпријатие во Гостивар, како и Регионалното претпријатие за управување со отпад формирано од сите општини во Полошкиот регион, се договорија следните активности:Интервентните мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Изведбата на овие мерки и самиот надзор ќе започнат во текот на месец март.Пред да отпочнат работите, Инспекторатот ќе ја добие на увид проектната документација и динамичкиот план за реализација на активностите, за соодветно да се планираат редовните и вонредните надзори.

Координирана акција на државни и локални инспектори за мапирање на ѓубриштата, по што градоначалниците на општините во Полошкиот регион ќе добијат известување од Инспекторатот за да организираат чистење во согласност со закон. Државниот инспекторат за животна средина константно ќе има комуникација и со претставници на иницијативата “Стоп Русино“ со цел соработка и размена на информации со граѓаните околу начинот и резултатите од спроведувањето на надзорот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови…

Ладно и облачно утро имаме во нашата Македонија, дува и северен ветер

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори