Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Затворен угостителски објект, приведени 32 лица

Претреси во Чашка и Штип, пронајдено оружје
Img 7972

Угостителски објект во с.Црешево, скопско е затворен а приведени се 32 лица, поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од таму објаснуваат дека службеници од полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителскиот објект во с.Црешево, скопско, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

При контролата во објектот биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г.И.(56) од с.Булачани, скопско.

Сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во полициската станица Гази Баба.

„По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Струмичанец фатен при кражба на дрва

Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани

Есенва не очекува динамична атмосфера, ќе биде поладна, а снегот може да порани