Утрински Весник
Македонија

Владата даде дозвола за набавка на вакцини преку „Ковакс“

Владата даде дозвола за набавка на вакцини преку „Ковакс“

Владата даде дозвола за Договорот за набавка на одобрената вакцина против КОВИД-19 преку COVAX механизмот, информираат од владиниот кабинет по 46-та владина седница.

Образложуваат дека за спроведување на набавката, вакцината мора да биде одобрена.

„Оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која „ГАВИ“ има стапено во обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација, стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од Строго регулаторно тело или Список за употреба во итни случаи на СЗО“, стои во писменото соопштение.

Договорот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19 беше склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини „ГАВИ“ (GAVI ALLIANCE), објаснуваат од Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица

Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки