Утрински Весник
Свет

Бајден: САД нема да дистрибуираат вакцини за сиромашните земји сè додека не се вакцинираат сите Американци

Бајден: САД нема да дистрибуираат вакцини за сиромашните земји сè додека не се вакцинираат сите Американци

Администрацијата на претседателот Џо Бајден нема да им подари на сиромашните земји вакцина против коронавирус што ја набавија САД, пред повеќето Американци да бидат вакцинирани, изјави претставникот на администрацијата.

Денес претседателот Џо Бајден ќе учествува на виртуелен состанок на Г7, на кој лидерите на најразвиените земји ќе разговараат за глобалната дистрибуција на вакцини до кои немаат пристап сиромашните земји, пренесува бриселскиот портал „Политико“.

Бајден се очекува да објави дека половина од четирите милијарди долари за вакцини ќе бидат насочени кон 92 сиромашни земји преку системот Ковакс, додека преостанатите две милијарди ќе бидат наменети за зголемување на производството на вакцини во следните две години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови