Утрински Весник
Спорт

Барса убедлива со Жалгирис, Ефес со голема победа над Олимпијакос

Барса убедлива со Жалгирис, Ефес со голема победа над Олимпијакос

Кори Хигинс и Пјер Ориола имаа фантастични партии за да ја предводат Барселона до 86:62 победа над Жалгирис во 25. коло од Евролигата.

Хигинс постигна 11 поени во првата четвртина и 17 во првото полувреме кое Барса го доби со 48:37, откако во првите две четвртини утна само еднаш и сите поени ги постигна од поле. Со 11-2 серија на стартот на второто полувреме се запечати победата на шпанскиот клуб кој сега има само еден пораз во последните 16 натпревари во сите натпреварувања. Тие имаат најдобар скор во Евролигата со 18-7, додека Жалгирис се деветти со 13-11.

Анадолу Ефес пак, по првата лоша четвртина одигра маестрален меч во одбраната против Олимпијакос за 76:53 победа.

Шејн Ларкин имаше 21 поен, 5 асистенци и 5 скока, а одбраната на Ефес ги заддржа „црвените“ на најнизок скор оваа сезона.

ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО

Химки – Басконија 67:89 (14:24, 23:23, 20:24, 10:18)

Анадолу Ефес – Олимпијакос 76:53 (11:26, 32:8, 15:9, 18:10)

Олимпија Милано – Макаби Тел Авив 87:68 (21:12, 18:15, 26:21, 22:20)

Барселона – Жалгирис 86:62 (24:24, 24:13, 23:10, 15:15)

> Барса убедлива со Жалгирис, Ефес со голема победа над Олимпијакос <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини

Лазаров повика 19 ракометари за дуелот со Австрија

Скандал во женската лига: По два поништени гола, Љуботен се повлече од натпреварот