Утрински Весник
Македонија

Претреси во Чашка и Штип, пронајдено оружје

Претреси во Чашка и Штип, пронајдено оружје

Ловни пушки и куршуми биле пронајдени при претреси на неколку локации во Чашка и Штип.

Според информациите на МВР,  полициски службеници денеска извршија претреси на локации во село Ореше, општина Чашка и во Штип. При претрес кај К.И. (44) во Ораше пронајдени се две ловни пушки, 22 ловечки патрони и 42 куршуми, а од Е.П. (50) одземен е ловен карабин.

При претрес во Штип, кај К.А. (37) пронајдени се куршуми и таблети. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“

ВЛЕН: Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово? Кому му пречи развојот на Тетово?