Утрински Весник
Спорт

„Навивачите на Реал кон Бејл се однесуваа како идиоти“

„Навивачите на Реал кон Бејл се однесуваа како идиоти“

Џонатан Барнет, менаџерот на велшкиот фудбалер Герет Бејл жестоко ги критикуваше навивачите на Реал Мадрид поради односот кон неговиот клиен додека го носеше дресот на Кралскиот клуб.

Бејл во 2016 година потпиша договор со мадридскиот тим до 2022 според кој заработува повеќе од 30 милиони евра по сезона. Сепак, последните две сезони тој практично не постои за Реал.

Навивачите посебно беа разочарани и гневни од неговиот однос кон клубот откако тој изјави дека до крајот на неговиот договор со клубот може да игра само голф во Мадрид. По меч со велшката репрезентација се фотографираше со транспарент на кој стоеше:

„Велс, голф, Мадрид, по тој редослед“.

Најпрво Велшанецот се пресели на клупата, па на трибините, а на почетокот на сезонава Реал го испрати Бејл на позајмица во Тотенхем со надеж дека Англичаните ќе го откупат неговиот договор.

„Герет на теренот секогаш даваше се за реал и беше страшно корисен за тој клуб. Никогаш не кажа ниту еден погрешен збор, а постигна и неколку историски голови за тој клуб. Навивачите на Реал треба да се засрамат. Кон него се однесуваа како идиоти, но се надевам дека еден ден ќе разберат колку тој бил важен за клубот. Бејл и понатаму го сака Реал и сака да се врати, ама мислам дека Зидан не го сака“ рече Џонатан Барнет во интервју за „Goal“.

> „Навивачите на Реал кон Бејл се однесуваа како идиоти“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига