Утрински Весник
Свет

Турција уапси петмина Руси и Либиец близу границата со Сирија

Турција уапси петмина Руси и Либиец близу границата со Сирија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турските граничари вчера уапсија петмина Руси и еден либиски државјанин при обид да се инфилтрираат во земјата од Сирија, пренесува „Анадолија“.

„Нашите граничари стационирани во северниот дел на Хатај Нарлиџа фатија шест лица, еден либиски и пет руски државјани, кои се обидуваа илегално да преминат во Турција од Сирија“, изјави официјален претставник на пограничната служба, додавајќи дека една жена меѓу уапсените Руси била барана припадничка на Исламска држава.

Во последните неколку дена турските власти уапсија тројца државјани на Нов Зеланд, вклучително и член на ИД, кои ја преминале турската јужна граница од Сирија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година