Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Етничката припадност во личните карти не е спротивна на договорот со Грција, вели Заев

Лични карти можат да се подигнат и на денот на гласањето
300x250 opst2

Вметнувањето на графа за етничката припадност во личните карти не е спротивна на Преспанскиот договор, ниту пак Грција има нешто против тоа, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за Законот за лични карти.

Премиерот потсети дека станува збор за предлог на политичката партија БЕСА, и рече дека за ова барање бил даден збор уште 2018 година, кога се носеле уставните измени. Вели дека етничката припадност никаде не е забранета.

„Аргументациите на БЕСА ги разгледавме јас и тимот, и апсолутно е во корелација со Преспанскиот договор. Важно е да се почитува до крај државјанството, каде што стои: ’Македонско/Граѓани на Република Северна Македонија‘“, рече Заев.

Додаде дека етничкиот идентитет е потврден и на Македонците со Преспанскиот договор како што е потврден и македонскиот јазик и апсолутно нема никакви загрозувања на нашите интереси дома.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

17-годишник од Скопје сакaл да го убие таткo си

Повторно протестираа вработените во „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ , од утре најавуваат радикализирање на протестите

Приведен косовски државјанин, крадел струја во продажен објект во Карпош