Утрински Весник
Македонија

Македонија да биде една изборна единица – Трајанов достави измени на Изборниот законик

Трајанов предлага затворска казна за злоупотреба на власта за влијание при вработување

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги достави предлог измените на Изборниот Законик, на мислење до сите пратеници, со цел да можат да се искажат свои ставови и сугестии по истите.

Со Предлог-Законот за изменување на Изборниот Законик, се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг. Пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

„Со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и создадат услови за системски промени во државата“, велат од Демократскиот сојуз.

Додаваат дека врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг.

По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот Законик.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?