Утрински Весник
Свет

Трка на САД и Кина во дистрибуцијата на вакцини во Европа

Трка на САД и Кина во дистрибуцијата на вакцини во Европа
Dik 300x250 mk

Претседателот Џо Бајден во петок треба да зборува на виртуелната безбедносна конференција во Минхен. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ќе учествува на онлајн Самитот Е3 со Франција, Германија и Велика Британија, а темата се очекува да бидат глобалните предизвици, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Нед Прајс.

Блинкен исто така ќе учествува на седницата на Советот за надворешни работи на ЕУ, на покана од високиот претставник на ЕУ, Џозеп Борел.

„Администрацијата Бајден-Харис е посветена на дијалог и соработка со кинеските партнери, почнувајќи од европските партнери“, изјави Прајс.

„Ние разбираме дека европските партнери имаат свои интереси и врски и не ги принудуваме да избираат помеѓу Кина и САД. Но, ние сме загрижени дека Кина користи мултилатерални организации за подобрување на својата економија, национална безбедност и интереси, на штета на мирот и просперитетот на другите земји“, додаде тој.

Кинескиот претседател Си Џинпинг на неодамнешниот Самит 17 + 1 објави дека Пекинг ќе го зголеми увозот од пазарите на земјите од Централна и Источна Европа и ќе увезе стока во вредност од 170 милијарди долари во следните пет години.

Како што пренесуваат американските медиуми, Кина веќе извезува вакцини во европскиот регион и го зголемува своето влијание, а првите земји што земаа кинески вакцини се Србија и Унгарија, која воедно е единствената членка на ЕУ што ги користи, затоа што не се одобрени на европскиот пазар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан