Утрински Весник
Македонија

Димитров на средбата со европратеникот Kjучук

Димитров на средбата со европратеникот Kjучук
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со Илхан Kjучук, европратеник од политичката група „Обнова на Европа“ и известител на Европскиот парламент за Северна Македонија, во рамки на неговата дводневна посета на земјава.

На средбата беше изразена благодарност за континуираната и принципиелна поддршка на Европскиот парламент во контекст на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како и конкретно во соработката со Собранието на Северна Македонија во рамките на Жан Моне Дијалогот. Вицепремиерот Димитров ги истакна очекувањата на земјава од Резолуцијата на ЕП, која треба реално да ги отсликува постигнатите реформи и демократските процеси на земјата.

„Ги цениме заложбите на Европскиот парламент и вашите лични заложби за што поскоро усвојување на Преговарачката рамка, процес кој мора да се одвива во европски дух. Само со почитување и применување на европските вредности може да се дојде до заемно решение кое ќе овозможи што побрзо одржување на долгоочекуваната и заслужена меѓувладина конференција, како официјален старт на процесот за кои сме подготвени“, рече тој.

Димитров потенцираше дека пристапните преговори треба да бидат пред сѐ алатка за суштински секторски реформи и постигнување на европските стандарди, информирајќи за остварените реформски активности и цврстата заложба за продолжување на процесот во клучните области.

Европратеникот Kjучук во пресрет на усвојувањето на Резолуцијата во ЕП му ги презентираше ставовите на АФЕТ во однос на иднината на евроинтеграцискиот процес и изрази принципиелна поддршка за европските цели на Северна Македонија. Соговорниците разменија мислења и околу можностите за унапредување на инфраструктурните, образовните и културните проекти преку искористување на ЕУ фондовите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС тоне во хаос, ние носиме стабилност, економски раст и повисок стандард за народот 

Запленети над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

Евзони без блокади до петок, грчките земјоделци прават празнична пауза