Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумскиот совет и ЗНМ

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судско-медиумскиот совет и ЗНМ

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити и претседателот на Судско-медиумскиот совет, Иван Џолев потпишаа меморандум за соработка.Целта на овој меморандум е подобрување на меѓусебна соработка помеѓу новинарската и судска фела и унапредување на соработката во областа на судската транспарентност. Судско медиумскиот совет и ЗНМ во иднина ќе соработуваат во подготовка на Стратегија за зајакнување на судската транспарентност како и подготовка и промоција на други документи од областа на транспарентноста и односите со новинарите и медиумите. Двете организации во иднина ќе организираат заеднички настани за новинари и судии и ќе соработуваат во заеднички проекти од областа на медиумите и правосудството.

„Соработката на новинарите и судиите е важна во насока на подобрување на јавниот имиџ на двете професии пред јавноста како предуслов за подобрување на довербата на граѓаните кон професионалните новинари и одговорните судии“, истакна Младен Чадиковски.

На средбата претседателот на советот и на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев кажа дека „Кривичниот суд како и досега, останува отворен за соработка со новинарите и медиумските работници со желба за продлабочување на соработката. Воедно отворени сме и за нови идеи и предлог проекти од медиумите кои се во правец на поголема отвореност на судот што е во корист пред се за јавноста и јавниот интерес. Во иднина ќе се залагаме за уште поголема транспарентност не само на Кривичниот суд, туку и на целиот правосуден сектор, а истовремено очекуваме објективно и професионално известување за работата на судот“.

Претседателот на Здружението на судиите на Република Северна Македонија Џемали Саити кажа: „Овој меморандум е само почеток а во иднина имаме волја и желба да имаме конкретни проекти со ЗНМ преку кои ќе бидат заедно вклучени и новинарите и судиите а со цел да се зајакне довербата помеѓу овие две фели и да се подобри самата комуникација“.

Една од првите заеднички активности во рамки на овој меморандум ќе биде и изработката на Стратегијата за зајакнување на судската транспарентност во која ќе бидат дефинирани целите за идните делувања.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година