Утрински Весник
Свет

САД ќе разговараат за заканата од Русија на министерскиот состанок на НАТО

САД ќе разговараат за заканата од Русија на министерскиот состанок на НАТО
Dik 300x250 mk

Русија претставува закана за сите членки на НАТО, но во исто време Вашингтон е подготвен да соработува со Москва во областите од заеднички интерес, изјави висок официјален претставник на американската одбрана во вторникот, пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, американската делегација треба да го иницира прашањето за Русија на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што ќе се одржи преку видеоврска, и на кој ќе присуствува американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.

„Многу е очигледна заканата од Русија за сите сојузници на НАТО, вклучително и за САД. Тие користат воена сила за да ги постигнат своите цели“, рече Остин.

Во исто време, тој рече дека Вашингтон е подготвен да соработува со Москва во области од заеднички интерес.

„Оваа администрација веќе јасно стави до знаење дека ќе соработуваме со Русија за да ги унапредиме нашите лични интереси, притоа барајќи од нив одговорност за нивните непромислени и агресивни активности. И затоа со нетрпение очекуваме да разговараме за тоа со нашите сојузници оваа недела“, рече тој.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск