Утрински Весник
Свет

Претседателот на Тунис го обвини премиерот за кршење на Уставот

Претседателот на Тунис го обвини премиерот за кршење на Уставот

Тунискиот претседател, Каис Саид, во понеделникот го обвини премиерот, Хихем Мешиши, за кршење одредби на Уставот додека ја спроведувал последната реконструкција на владата, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Во писмото Саид го потсети Мешиши на низа принципи поврзани со неопходноста политичката власт во Тунис да ја рефлектира вистинската волја на народот нагласувајќи дека суштината на заклетвата на функцијата (за нови министри) не треба да се придржува на формални или суштински мерки, туку на она што е наведено во текстот на заклетвата и на последователните ефекти од заколнување не само во овој живот туку и кога оние што се заколнале ќе застанат пред Алах.

Претходно во понеделникот, тунискиот премиер разреши пет министри за кои се знае дека се блиски до Саид и назначи други функционери на испразнетите места во привремениот период.

Според изјавата од туниската влада, Мешиши чека на завршување на постапките за реконструкција на министрите откако министрите ја добија довербата од парламентот на 26 јануари. Сепак, Саид ги отфрли новоименуваните министри.

Претседателот на парламентот, Рахед Гануши, изрази надеж дека ќе престане опструкцијата на реконструкцијата на владата.

„Работиме на формирање уставен суд бидејќи дел од ова несогласување е постоењето повеќе од едно толкување на Уставот, а единственото квалификувано тело што го толкува тоа е уставниот суд“, рече тој.

Судот, чие формирање е одложувано повеќе од пет години поради некомпатибилност меѓу парламентарните блокови, би требало да се состои од 12 члена. Парламентот треба да избере четворица свои членови, Врховниот судски совет  избира четворица други, а претседателот назначува четири члена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година